Вардар не успеа да победи на гостувањето кај Пелистер во Битола, откако дербито заврши без голови, 0-0. Иако „црвено-црните“ важеа за фаворити, домаќинот покажa цврст отпор, а голманот Андреј Јовчевски беше клучен со неколку одбрани, вклучително и ударот на Матиќ во судиското продолжение.
Ремито е значајно за Пелистер во борбата за опстанок, додека Вардар го задржа лидерското место, но со само еден бод предност пред Шкендија. Гледавме еден борбен натпревар меѓу вечните ривали, но со малку вистински шанси за погодок на двете страни.

