Кошарка Меѓународна кошарка

Денвер сака да го задржи Вотсон, но во игра е и опцијата „потпис па трејд“

Денвер Нагетс планираат да ја изедначат секоја понуда што ограничениот слободен агент Пејтон Вотсон ќе ја добие на пазарот, но преговорите со неговиот агент Рич Пол сè уште се во ќор-сокак. Како што пренесува „Ди Атлетик“, тимот од Колорадо приоритетно сака да го задржи 23-годишниот крилен кошаркар, но доколку не се најде заеднички јазик, менаџментот е подготвен да сослуша понуди за сценарио со „потпис па трејд“.

Во моментов, Бруклин Нетс и Лос Анџелес Клиперс се единствените екипи кои имаат доволно простор во буџетот да му го понудат посакуваниот договор на Вотсон. Предност за Нагетс е што сопствениците на франшизата дадоа зелено светло за надминување на даночниот праг и влегување во т.н. втора „престилка“, што му дава на клубот голема финансиска флексибилност да ги следи понудите на конкурентите.

Вотсон зад себе има одлична сезона во која бележеше просек од 14,6 поени и 4,9 скокови по натпревар, а особено импресионираше со просек од 22,5 поени во периодот кога Никола Јокиќ беше надвор од теренот. Сепак, поради обновената повреда на задната ложа, тој го пропушти целиот плејоф, а неговото отсуство во дефанзивата се покажа како клучно за елиминацијата на Денвер во серијата против Минесота.

Покрај финансиските детали за договорот на Вотсон, дополнителна причина за бавните преговори е и Леброн Џејмс. Со оглед на тоа што „Кралот“ исто така е клиент на агенцијата на Рич Пол, а Денвер сè уште се наоѓа на неговиот список на фаворити, Нагетси тактизираат со потезите за да видат дали постои реална шанса за ангажман на суперѕвездата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.