Меѓународен фудбал Фудбал

Денеска ги дознаваме кандидатите за „Златната топка“

Денеска официјално ќе бидат објавени имињата на номинираните фудбалери во трката за најпрестижното индивидуално признание, „Златната топка“ за 2026 година. Изборот оваа година буди посебен интерес со оглед на тоа што, покрај клупските успеси во изминатата сезона, во предвид ќе бидат земени и настапите на Светското првенство и континенталните шампионати.

Свечената церемонија во организација на „Франс Фудбал“ е закажана за 26 октомври во Лондон. За добитникот на наградата ќе одлучува жири-комисија составена од спортски новинари од 100-те најдобро рангирани земји на ФИФА листата. Жирито ќе гласа врз основа на скратениот список од 30 фудбалери, кој го составуваат уредниците на „Франс Фудбал“, „Л’Екип“ и легендарните Луис Фиго и Фабио Капело. Како главни критериуми за избор се земаат индивидуалните перформанси, лидерскиот карактер на теренот, колективните трофеи и фер-плејот.

Покрај главните награди во машка и женска конкуренција, на гала-вечерта ќе бидат доделени и признанијата за најдобар голман, најдобар млад играч, тренер на годината и клуб на сезоната.

Минатогодишниот освојувач на признанието, Осман Дембеле, во интервју за „Л’Екип“ веќе ги издвои своите главни фаворити за годинашниот трофеј, посочувајќи ги Квича Кварацхелија, Хари Кејн и Килијан Мбапе.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.