Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го завршува својот престој во РБ Лајпциг, откако германскиот клуб го стави на трансфер-листата за овој летен преоден рок. Новиот тренер Мартин Демикелис му соопштил на македонскиот фудбалер дека не влегува во неговите тактички замисли за претстојната сезона и дека е слободен да си најде нов клуб.
Според информациите на германскиот весник „Билд“, аргентинскиот стратег составил листа од седум фудбалери на кои нема да смета во иднина. Покрај Елмас, на отстрел во германскиот тим се наоѓаат и Гертруда, Вермерен, Клостерман, Банзузи, Хардер и Битшиабу.
Оваа одлука доаѓа по периодот во кој Елмас не успеа целосно да се наметне во тимот по неговиот трансфер од Наполи. Поради тоа, тој изминатиот период настапуваше како позајмен играч во Торино и повторно во Наполи, па сега пред себе има нов предизвик да пронајде соодветен клуб каде што ќе добие редовна минутажа.

