Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Дембеле со хет-трик ја „растури“ Норвешка, Сенегал испука „петарда“ против Ирак за мундијалски сон! (ВИДЕО)

Уште една бурна ноќ на Светското првенство го донесе расплетот во групата И. Франција демонстрираше застрашувачка сила и со максимални девет бода се пласираше во шеснаесетфиналето, додека Сенегал со убедливиот триумф над Ирак, сеуште сонува за елиминациската фаза.

Французите ја загрижија конкуренцијата со перфектниот настап против Норвешка, славејќи убедливо со 4-1, а натпреварот помина во знак на неверојатното шоу на Усман Дембеле. Крилото на „триколорите“ одигра натпревар за паметење и за само 32 минути постигна спектакуларен хет-трик. Дембеле буквално сам си поигруваше со противничката одбрана, креирајќи мајсторски соло-акции во кои во кои соиграчите беа само набљудувачи.

Норвежаните свесно влегоа во голем ризик на овој меч, откако нивниот селектор реши комплетно да ги одмори првите ѕвезди. Иако преку Асгард во 21-вата минута намалија на 2-1, Дембеле брзо ја врати безбедната предност. Во второто полувреме Норвешка пропушти златна шанса за камбек откако Ларсен промаши пенал во 50-тата минута, а точка на мечот стави младиот Дезире Дуе по асистенција на Баркола во самиот финиш. На крајот, Франција завршува со максимални 9 бода, а Норвешка оди понатаму како второпласирана со 6 бода.

Во вториот дуел од оваа група, Сенегал не покажа ниту трошка милост и го демолираше Ирак со чисти 5-0. „Лавовите од Теранга“ си ја завршија задачата уште на самиот старт. Дијара ја начна мрежата на Азијците уште во 4-тата минута, Сар брзо зголеми на 2-0, а до крајот со двата гола на Гуеј и еден на Ндиаје беше потврден вистинскиот дебакл на Ирак.

Иако Сенегал има само 3 бода на своето конто по три одиграни кола, оваа „петарда“ им донесе фантастична гол разлика од +2. Со ова, Африканците имаат сосема реални и опипливи шанси да се најдат меѓу осумте најдобри третопласирани репрезентации на турнирот и да го продолжат својот мундијалски пат во САД, Канада и Мексико.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.