Македонската делегација, предводена од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, генералниот секретар Леонид Јандреоски и фудбалската икона Горан Пандев, зема учество на 76. Конгрес на ФИФА во Ванкувер. На овој значаен глобален собир, нашите претставници се вклучени во дефинирањето на стратешките буџети за периодот 2027-2030 и усвојувањето на клучните развојни политики за светскиот фудбал. Покрај финансиското планирање, во фокусот на дискусиите се и мерките за зачувување на интегритетот и транспарентното управување со спортот на меѓународно ниво.
„На 76. Конгрес на ФИФА во Ванкувер, заедно со генералниот секретар, Леонид Јандреоски и Горан Пандев, активно учествуваме во носењето одлуки кои директно влијаат врз иднината на светскиот фудбал. Во фокусот се финансиската стабилност и развојните политики, усвојување на извештаите за минатата година, дефинирање на буџетите за циклусот 2027-2030, како и клучни прашања за управувањето и интегритетот на фудбалот. Нашето присуство значи активно учество во креирањето на иднината на фудбалот и зајакнување на соработката на меѓународно ниво“ изјави Омерагиќ.

