Англискиот репрезентативец Деклан Рајс нема ниту најмала дилема околу тоа кој треба да го понесе најпрестижното индивидуално признание во фудбалот оваа година. По жестоката битка меѓу Баерн и Арсенал во Лигата на шампионите, асот на „тобџиите“ отворено порача дека неговиот репрезентативен колега Хари Кејн ја заслужил „Златната топка“ повеќе од кој било друг.
„За мене, Хари Кејн е чист победник. Неговите бројки зборуваат самите за себе, а годината што ја има зад себе е навистина неверојатна. Играте против многу врвни фудбалери, но дури кога играте со него во ист тим сфаќате колку е добар, а кога ќе му се спротивставите на теренот, гледате колку е тешко да се игра против него. Кога еден напаѓач ќе испрати онакво проигрување кај нивниот прв гол, а потоа на онаков начин ќе го изведе пеналот… Тоа е неверојатно. Тој е навистина фантастичен играч“, истакна Рајс.
Статистиката на англискиот голгетер во 2026 година е застрашувачка, Кејн зад своето име има точно 50 голови во сите натпреварувања за Бајерн и Англија, односно вкупно 73 погодоци сметајќи од почетокот на минатата сезона.
Доколку Кејн го подигне трофејот на свечената церемонија што ќе се одржи во понеделник на 26 октомври во Лондон, ќе стане првиот Англичанец кој ја освоил „Златната топка“ по Мајкл Овен во далечната 2001 година.

