Боречки спортови Други спортови

Дејна Вајт со критика за Гери: Махачев беше претепан, му фалеше само убиствен инстинкт!

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, по борбата во Филаделфија изјави дека на Ијан Мачадо Гери му недостасувал „убиствен инстинкт“ во петтата рунда за да го совлада Ислам Махачев и да ја освои титулата во велтер категорија. Иако Ирецот импресионираше со одбраната од соборувања и доби две рунди, Вајт смета дека во одлучувачкиот дел влезе премногу пасивно и со преголем респект кон шампионот.

Првиот човек на УФЦ истакна дека Махачев веќе бил сериозно претепан и физички истрошен пред почетокот на последната рунда. Според Вајт, наместо Гери да тргне агресивно по нокаут со некој ризичен удар или силна серија, тој му дозволи на Русинот да ја преземе контролата на партер и да ја потврди победата. Вајт заклучи дека Ирецот сигурно ќе зажали кога ќе ја прегледа снимката, бидејќи ја пропушти најголемата шанса во својата кариера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.