Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски уште еднаш ја потврди својата класа освојувајќи го златото на Скопје Опен Г1 во Скопје, прикажувајќи сигурни и убедливи настапи низ целиот турнир. На патот до највисокото место на пиедесталот, Георгиевски ги надмина сите предизвици, вклучително и неколку силни европски и светски ривали како Абдула Ал Магди, потоа европскиот шампион Иван Шапина и Пашко Божиќ, а во финалето, својот настап го круниса со победата над Илиа Рудерман.
Дејан Георгиевски освои злато на „Скопје Опен – Рамус Г1“ турнирот!

