Меѓународен фудбал Фудбал

Деби без победа за Салах во дресот на Трабзонспор! (ВИДЕО)

Мохамед Салах го имаше своето деби во дресот на Трабзонспор, но не успеа да го предводи својот нов тим до победа на стартот од сезоната во турската Суперлига. Трабзонспор на гостувањето кај Касимпаша одигра 1-1. Египетскиот репрезентативец натпреварот го започна од клупата, а на теренот влезе во 58. минута, кога го замени Метехан Мимароглу. Салах веднаш внесе свежина во нападот и беше меѓу најопасните играчи на гостите во продолжението.

Касимпаша поведе во 43. минута преку Ноа Савио, но Трабзонспор брзо стигна до израмнување. Адриан Бенедичак во 55. минута реализираше пенал за 1-1. До крајот Трабзонспор имаше повеќе од играта и создаде неколку добри шанси, а Салах имаше можност и самиот да се запише во листата на стрелците. Сепак, гостите не ги искористија своите прилики и мораа да се задоволат со еден бод. За Трабзонспор сега следува европски предизвик и двомеч со Ференцварош во плејофот за пласман во Лигата на Европа.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.