Меѓународен фудбал Фудбал

Де ла Фуенте подготвува ротации на „Пољуд“, без Јамал во стартниот тим

Репрезентацијата на Шпанија во вторник и гостува на репрезентацијата на Хрватска на стадионот „Пољуд“ во Сплит, а европскиот шампион најверојатно ќе го започне овој дуел без својата најголема млада ѕвезда, Ламин Јамал, во стартниот состав.

Шпанците имаат максимален ефект од три победи во досегашниот тек од Лигата на нации и влегуваат растеретени, додека Хрватска пред своите навивачи бара рехабилитација по катастрофалниот пораз од Англија со 0-7. Сепак, поради згуснатиот распоред од четири натпревари за само десет дена, селекторот Луис де ла Фуенте одлучи да ги распредели силите.

Јамал беше единствениот шпански репрезентативец кој започна како стартер на сите три претходни меча, поминувајќи повеќе од 200 минути на теренот. Поради тоа, шпанските медиуми најавуваат дека крилниот напаѓач на Барселона ќе го започне мечот на клупата за резерви или ќе има значително намалена минутажа.

Покрај одморот за Јамал, Де ла Фуенте подготвува промени и на другите позиции. Во почетните единаесет се очекува да се вратат Пау Кубарси, Марк Кукуреља, Марк Пубил и Микел Ојарзабал, додека шанса за деби во сениорскиот тим би можел да добие младиот Карлос Еспи.

Шпанскиот селектор се соочува и со неколку ситни здравствени проблеми во тимот, па под знак прашалник за настап се Ерик Гарсија, Алехандро Грималдо, Нико Вилијамс и Феран Торес, за кои конечната одлука ќе биде донесена непосредно пред почетокот на средбата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.