Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Де ла Фуенте: Франција играше против најдобрата репрезентација во светот!

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, беше исклучително горд на настапот на својата репрезентација во полуфиналето на Светското првенство 2026 против Франција. Шпанците славеа со 2-0 со головите на Микел Ојарзабал и Педро Поро и по вторпат во својата историја се пласираа во финалето на Мундијалот.

„Пред четири години почнавме да работиме со една идеја од која никогаш не отстапивме и која нè доведе дотука. Денес се соочивме со една од најдобрите репрезентации во светот, но нашиот противник играше против најдобрата репрезентација во светот. Тоа е разликата“, изјави задоволниот Де ла Фуенте. Овие фудбалери заслужуваат сè, бидејќи од ден на ден покажуваат пожртвуваност, единство, великодушност и талент. Тие прават тешките работи да изгледаат лесно.

Тешко е да се опишат емоциите. Среќни сме и сакаме да продолжиме да постигнуваме уште подобри резултати. Ни остана уште еден чекор и ќе дадеме сè од себе за да ја оствариме нашата цел. Финалето на Светското првенство е одговорност и привилегија. Мора да бидеме свесни за значењето на она што ни се случува“, истакна Де ла Фуенте.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.