Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Де ла Фуенте блеска од гордост: Оваа Шпанија не знае за пораз веќе 34 натпревари!

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, не го криеше задоволството по минималната победа од 1:0 над Уругвај, истакнувајќи дека неговите избраници уште еднаш покажале зрелост и карактер во исклучително тежок натпревар. Пред почетокот на прес-конференцијата, шпанскиот стратег изрази сочувство до Дидие Дешан поради семејната загуба, а испрати и порака за поддршка до тренерот Хоакин Капарос во неговата борба со болеста.

Осврнувајќи се на натпреварот, Де ла Фуенте нагласи дека дуелот бил физички многу тежок, но неговиот тим успеал да остане смирен и да ја оствари целта. Тој избегна да го коментира судењето, потенцирајќи дека Шпанија сака да се фокусира исклучиво на својата игра.

„Горд сум на оваа генерација. Тимот постојано напредува и покажува дека знае да се снајде во различни ситуации. Сега сме во серија од 34 натпревари без пораз и сакаме да го продолжиме тој ритам“, изјави селекторот.

Единствената лоша вест за Шпанците е можната повреда на крилниот напаѓач Јереми Пино, за кого постои сомнеж дека има проблем со клучната коска, што би можело да значи крај на неговиот настап на турнирот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.