Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Де ла Фуенте: Бесмислено е да се зборува за фаворит!

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, не ја прифаќа улогата на фаворит во вечерашното полуфинале на Мундијалот против Франција. Тој ги отфрли изјавите на Дидие Дешам и нагласи дека на теренот во Далас ќе се соочат две исклучително силни репрезентации.

„Да се биде фаворит или не, за мене се бесмислени приказни. Тоа не е одлучувачко, се соочуваат два одлични тима. Никогаш не е добро кога некој премногу ве фали, тоа може да оптовари. Сепак, мојата екипа не подлегнува на притисоци од ваков вид“, изјави јасно Де ла Фуенте.

Шпанците детално го анализирале противникот со цел да ги неутрализираат неговите најсилни страни на натпреварот.

„Многу добро ги проучивме, како што добро се познаваме и самите себеси. Имаат исклучителни играчи, но ги имаме и ние. Мораме да ги наметнеме нашите карактеристики и да ги минимизираме противничките. Имаме направен план“, додаде шпанскиот стратег. Тие се подобрија и нивниот учинок е посупериорен. Но, и ние сме уште подобра селекција“. – додаде тој.

Клучен адут на Шпанија во офанзивата повторно ќе биде младиот Ламин Јамал, за кого селекторот очекува голем натпревар.

„Јамал мора да остане смирен и да ужива во играта. Неговиот голем ден на Светското првенство допрва доаѓа. Се надевам дека тоа ќе се случи токму вечерва“, потенцираше предводникот на „црвената фурија“.

Тој упати комплименти и до противничката ѕвезда Килијан Мбапе.

„Се восхитувам на големите играчи, а Килијан е токму еден од нив. Секако дека посебно се занимававме со него во подготовките за овој натпревар“.

За самиот крај, искусниот стратег се повика на историската мисла на Јулиј Цезар дека нема големи достигнувања без макотрпно страдање.

„Ако сакате да постигнете нешто важно, мора нешто да оставите зад себе и многу да патите. Ние сме целосно подготвени за тоа“, заклучи шпанскиот селектор пред битката за финалето.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.