Искусниот македонски дефанзивец Дарко Велковски го заврши својот втор престој во редовите на Вардар и кариерата ја продолжува во Бахреин, откако стави потпис на договор со екипата на Ал-Калдија. 31-годишниот стопер се врати во скопскиот клуб во јануари годинава и веднаш се наметна како стандарден првотимец во одбраната на „црвено-црните“, но реши да го прифати новиот азиски предизвик.
За долгогодишниот репрезентативец на Македонија, кој за националниот тим има забележано повеќе од 60 настапи и три погодоци, ова ќе биде уште еден меѓународен ангажман по престоите во Риека, каде освои два Купа на Хрватска, Ал-Етифак од Саудиска Арабија, Динамо Букурешт, Нирѓехаза и Зрињски Мостар. Велковски во својот прв мандат во Вардар освои две шампионски титули, а сега го затвора скопското поглавје за нов почеток во шампионатот на Бахреин.

