Македонски ракомет Ракомет

Дарко Ѓукиќ останува во Охрид и следната сезона!

Искусниот ракометар Дарко Ѓукиќ и во следната сезона ќе го носи дресот на ГРК Охрид, откако од охридскиот клуб ги демантираа гласините за негово потенцијално заминување и преселба во редовите на српскиот гигант Партизан. Десното крило, кое важи за еден од носителите на играта во охридскиот состав, ќе му остане на располагање на стратегот Борис Ројевиќ за сите претстојни предизвици во домашниот шампионат и на меѓународна сцена.

Ѓукиќ беше еден од клучните фактори за историските успеси на Охрид минатата сезона, кога тимот го освои третото место во Суперлигата и стигна до трофејот во Европскиот куп на ЕХФ. Охриѓани најавуваат високи амбиции и за новата натпреварувачка година, откако во подготвителниот период доминираа и ги освоија двата престижни пријателски турнири во Струга и „Крсте Андоновски“, запишувајќи две победи над Вардар.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.