Македонски фудбал Фудбал

Дарко Чурлинов заврши со турски Кочаелиспор

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов повеќе не е дел од Кочаелиспор, откако турскиот прволигаш одлучи да направи радикални промени во играчкиот кадар.

Раководството на клубот официјално потврди дека нема да смета на дури десет фудбалери за претстојната сезона во Суперлигата. Меѓу оние кои добија слободни документи е и 25-годишниот македонски крилен напаѓач, кој за „зелено-црните“ одигра 12 натпревари. Покрај Чурлинов, од тимот си заминуваат и неколку искусни интернационалци како Сердар Дурсун, Карол Линети, Џан Келеш и Александар Јовановиќ, што јасно покажува дека клубот влегува во комплетна реконструкција.

Зад македонскиот офанзивец е богата кариера со сериозно европско искуство. Пред да се пресели во Турција, тој ги бранеше боите на полска Јагјелонија, а претходно настапуваше и во германската Бундеслига и англискиот фудбал за екипите на Шалке 04, Штутгарт, Келн и Барнли. Чурлинов е и стандарден член во националниот тим на Македонија, каде досега забележа 33 настапи и постигна четири погодоци.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.