Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Дарко Чурлинов се враќа во полскиот фудбал, ќе игра за Погон!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е многу блиску до нов ангажман, откако постигнал договор со полскиот прволигаш Погон Шчечин. Според информациите од Полска, крилниот напаѓач ќе потпише двегодишен договор со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона. Интересно е што до последен момент изгледаше дека Чурлинов ќе заврши во Видзев Лоѓ. Македонскиот фудбалер бил во Лоѓ на завршни разговори, а неговото официјално претставување било практично подготвено.

Сепак, Погон Шчечин во последен момент испратил поповолна понуда, по што Чурлинов ја променил одлуката и избрал да ја продолжи кариерата во овој клуб. Тој веќе се наоѓа во Шчечин, каде што ги финализирал последните детали од договорот, а доколку не се случи неочекуван пресврт, во текот на денот се очекува трансферот и официјално да биде потврден.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.