Македонски фудбал Репрезентација на Македонија Фудбал

Дарко Чурлинов пред раскин со Кочаелиспор: Кариерата ја продолжува во Полска?

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се наоѓа пред предвремен раскин на договорот со турскиот клуб Кочаелиспор. Преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза, а официјализацијата се очекува веќе в понеделник. Ваквиот развој на настаните го потврди и претставникот на клубот, Учар, кој истакна дека се бара решение што ќе биде финансиски поволно за турскиот колектив.

Од раководството на Кочаелиспор порачаа дека процесот се одвива во конструктивна атмосфера и дека сите конкретни детали околу разделбата ќе бидат соопштени по потпишувањето на документацијата и завршувањето на исплатите.

Со предвремениот прекин на соработката, Чурлинов ќе стане слободен играч и ќе може да избере нова средина во овој летен преоден рок. Како најсериозна дестинација за македонскиот крилен фудбалер во моментов се споменува шампионатот на Полска.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.