Кошарка Македонска кошарка

Дарин Говенс е новото големо засилување за Работнички!

Кошаркарскиот клуб Работнички го доведе едно од најзвучните засилувања за новата сезона. Нов член на тимот од Градски парк е искусниот плејмејкер Дарин Говенс, кој пристигнува директно од редовите на ТФТ.

Говенс зад себе има богата меѓународна кариера во повеќе европски шампионати. Тој настапуваше во Исланд, Израел, Грција, Русија, Франција, Белорусија и Унгарија, а играше и за унгарската репрезентација. Во 2017 година ја освои наградата за МВП во Унгарија, каде што две години подоцна ја освои и шампионската титула.

Американецот е висок 185 сантиметри и освен позицијата организатор на играта, успешно ја покрива и бековската позиција. Изминатата сезона во домашната лига тој одигра 26 натпревари. Притоа забележуваше во просек по 11,3 поени, 4,7 асистенции и 3,2 скока по натпревар.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.