Македонски фудбал Фудбал

Дардишта: Го почитуваме Вардар, но ќе се бориме до крај

Во пресрет на денешниот  натпреварот против шампионот Вардар во Скопје, одбранбениот фудбалерот на Арсими, Мухједин Дардишта, испрати силна порака: тимот не оди за формалност, туку за борба и позитивен резултат.

“Го почитуваме шампионот Вардар, но одиме да играме фудбал и да се бориме до крај. Ќе го дадеме максимумот во секоја минута”, изјави Дардишта.

Тој нагласи дека екипата е во подем и последните настапи, како ремито против Скопје, им даваат самодоверба пред големите предизвици.

“Создадовме многу шанси и покажавме квалитет. Тоа ни дава верба дека можеме да се спротивставиме и на најсилните”, додаде тој.

Пораката е јасна, Арсими не доаѓа во Скопје предвреме да предаде, туку да се бори до последниот свиреж.

„Ветувам дека ќе се бориме до крај. Ќе дадеме се од првата минута до последниот свиреж. Се надевам дека на крај ќе вратиме од Скопје со позитивен резултат.

Натпреварот Вардар-Арсими ќе се одигра денес со почеток во 19 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.