Меѓународен фудбал Фудбал

Дани Карвахал останува во Ла Лига, ќе игра за Хетафе

Дани Карвахал е нов фудбалер на Хетафе, откако и официјално стави потпис на едногодишен договор со мадридскиот клуб. Искусниот десен бек релативно брзо пронајде нова средина по разделбата со Реал Мадрид, каде што помина дури 13 години во првиот тим и испиша историски успеси.

Трансферот на 34-годишниот Шпанец во изминатите неколку дена беше под голем знак прашалник поради финансиските правила и лимитот за плати на Ла Лига, но на крајот беше пронајдено компромисно решение. Според пишувањата на шпанските медиуми, Карвахал прифатил годишна плата од скромни еден милион евра, дури десет пати помалку од десетте милиони евра нето што ги заработуваше во Реал.

Со „кралскиот клуб“ Карвахал освои неверојатни 27 трофеи, меѓу кои и дури шест пехари во Лигата на шампионите, а за репрезентацијата на Шпанија досега има забележано 51 настап. Неговото шампионско искуство ќе биде од непроценливо значење за составот предводен од Хосе Бордалас, кој добива прекален лидер во одбраната за продолжението од сезоната.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.