Други спортови Одбојка

Дамите го пречекуваат Косово во СЦ „Борис Трајковски“

Првиот контролен натпревар, од двата договорени со репрезентацијата на Косово, женскиот национален тим на Македонија ќе го одигра на домашен терен, денес, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Вториот пријателски натпревар дамите го играат в сабота (30 мај) од 15 часот, но на гостински терен, во Скендерај.

Селекторот Милош Гавриловиќ ќе има можност да направи последна проверка на силата, на сите 16. репрезентативки кои ги има на располагање во пресрет на учеството во Европската лига 2026. Истовремено овие натпревари треба да го донесат и финалниот пресек кога станува збор за 14-те одбојкарки кои ќе ја понесат тежината на престојните натпревари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.