Меѓународен фудбал Фудбал

Дамфрис на пат кон Реал Мадрид!

Десниот бек на Интер и на холандската репрезентација е на чекор до трансфер во Реал Мадрид. Шпанскиот гигант е подготвен да ја активира неговата откупна клаузула. Мадриѓаните сакаат што побрзо да го обезбедат потписот на искусниот дефанзивец.

Според информациите од Италија, оваа зделка е практично веќе завршена. Во договорот на Дензел Дамфрис со Интер има клаузула од 20 милиони евра. Реал Мадрид без проблем ќе ја плати бараната сума за трансферот. Самиот фудбалер веќе дал целосна согласност за премин во шпанскиот тим.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.