Меѓународен фудбал

Дамфрис е нов фудбалер на Реал Мадрид – потпиша до 2030 година!

Реал Мадрид доби ново засилување за претстојната сезона, откако клубот официјално го потврди ангажманот на Дензел Дамфрис. Холандскиот репрезентативец потпиша договор со „кралевите“ до летото 2030 година, а трансферот беше реализиран по активирањето на откупната клаузула вредна 25 милиони евра.

По успешниот период во Интер, искусниот десен бек се сели на „Сантијаго Бернабеу“, каде ќе биде дел од новиот проект на тренерот Жозе Мурињо. Дамфрис е четвртото летно засилување на мадридскиот гигант, по доаѓањето на Ибрахима Конате, Марк Кукуреља и Бернардо Силва.

Со неговото пристигнување, Реал добива дополнителна конкуренција на десната бековска позиција, каде за место во стартниот состав ќе се бори со Трент Александер-Арнолд. Во дресот на Интер, Дамфрис одигра повеќе од 200 натпревари, постигна 27 погодоци и забележа 28 асистенции, потврдувајќи се како еден од најквалитетните офанзивни бекови во европскиот фудбал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.