Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Далиќ отвора ново поглавје, по Хрватска ќе предводи нова репрезентација!

Златко Далиќ повеќе нема да биде селектор на Хрватска, а својата тренерска кариера ќе ја продолжи како предводник на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. Искусниот стратег ја заврши својата деветгодишна мисија на клупата на „коцкестите“ по елиминацијата од Португалија во шеснаесетфиналето на Светското првенство.

Според информациите, Далиќ одлуката за заминување ја донел уште пред почетокот на Мундијалот, а по завршувањето на настапот официјално го известил Хрватскиот фудбалски сојуз дека нема намера да го продолжи договорот. Како негов најсериозен наследник се споменува Славен Билиќ.

Една од главните причини за новиот предизвик е исклучително богатата понуда што ја добил од Фудбалската федерација на ОАЕ. Наводно, договорот предвидува годишна плата од најмалку пет милиони евра, сума што искусниот тренер не сакал да ја одбие.

За Далиќ ова не е непозната средина. Тој веќе работеше во Обединетите Арапски Емирати, каде што од 2014 до 2017 година успешно го водеше Ал Аин и освои три трофеи.

Пред новиот селектор стои сериозна задача. да ја врати репрезентацијата на ОАЕ во борба за пласман на Светско првенство и да изгради конкурентен тим за следното издание на Азискиот куп.

Во исто време, заминувањето на Далиќ означува и почеток на нов циклус за хрватската репрезентација, која ќе мора постепено да ја освежи генерацијата предводена од ветераните Лука Модриќ и Иван Перишиќ. За време на неговиот мандат, Хрватска ги оствари најголемите успеси во својата историја, сребро на Светското првенство во 2018 година, бронза во 2022 година и настапи на две Европски првенства.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.