Селекторот на Хрватска Златко Далиќ го објави конечниот список на фудбалери за претстојното Светско првенство. Далиќ не направи ниту една измена во однос на прелиминарната листа на патници. „Коцкастите“ доаѓаат со проверени сили и со желба за нов голем успех на светската сцена.
Предводник на тимот повторно ќе биде легендарниот капитен Лука Модриќ. Најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид успешно закрепна по операцијата на јаболчната коска. Тој ќе ја предводи Хрватска во новата мундијалска мисија. Освојувачите на бронзата од Катар ќе играат во групата Л. Таму за противници ќе ги имаат селекциите на Англија, Гана и Панама.
📜 This is #Croatia!
Our final 2026 @FIFAWorldCup squad confirmed! 🇭🇷☑️ #HrabarBroj #Family #WorldCup #Vatreni❤️🔥 pic.twitter.com/T6MaMod0vq
— HNS (@HNS_CFF) June 1, 2026

