Во НБА сè уште нема јасен одговор каде Леброн Џејмс ќе ја продолжи својата богата кариера, но нов детал дополнително ги засили шпекулациите дека легендарниот кошаркар би можел повторно да го облече дресот на Мајами Хит. Американскиот клуб накратко објави најава за прес-конференција закажана за 27 јули, која подоцна беше избришана од официјалниот YouTube канал. Иако од Мајами не дадоа објаснување, многумина сметаат дека станува збор за ненамерно откривање на плановите поврзани со евентуалното враќање на „Кралот“ на Флорида.
Леброн последните осум сезони ги мина во Лос Анџелес Лејкерс, со кои ја освои шампионската титула во 2020 година и стана најдобар стрелец во историјата на НБА. Пред тоа, од 2010 до 2014 година беше лидер на Мајами Хит, освојувајќи две шампионски титули и две признанија за МВП на финалната серија. Потоа се врати во Кливленд, а од 2018 година повторно настапува за Лејкерс.
Засега нема официјална потврда за трансфер, но последните случувања само ги засилија очекувањата дека едно од најголемите имиња во историјата на кошарката би можело повторно да се врати таму каде што освои два шампионски прстени.
This YouTube test was posted by the Miami Heat… ☝️🧐☝️
“miamiheat Introductory
Press conference for LeBron James welcoming him back as a member of the Miami HEAT” pic.twitter.com/mEylwE6rW9— 𝙃𝙀𝘼𝙏 𝙉𝘼𝙏𝙄𝙊𝙉 (@HeatvsHaters) July 22, 2026

