Кошарка Меѓународна кошарка

Дали ќе се откажат Лејкерси од Леброн?

Иако изгледаше незамисливо по завршувањето на плејофот, Лос Анџелес Лејкерси веќе почнаа сериозно да ја разгледуваат опцијата за живот без својата најголема ѕвезда. Познатиот инсајдер на ЕСПН, Брајан Виндхорст, открива дека раководството на калифорниската франшиза нема намера да чека и бара брз одговор за неговата иднина. Доколку четирикратниот шампион не донесе одлука до 1 јули, клубот ќе биде принуден официјално да се откаже од неговите права.

Овој радикален потег веднаш ќе го избрише неговиот огромен договор од 59,5 милиони долари од клупските извештаи за следната сезона. Со тоа тимот би добил огромна финансиска флексибилност за целосна реконструкција на играчкиот кадар главно околу словенечкиот ас Лука Дончиќ.

Сепак, со ваквото отстранување на таканаречениот „кап холд“, „езерџиите“ дефинитивно би ја загубиле и шансата за подоцнежен потпис со „Кралот“. Постовна опција е и потенцијален трејд доколку 41-годишниот кошаркар сака да продолжи во друга средина каде што ќе добие максимално почитување.

И покрај неговите години, Леброн зад себе остави извонредна сезона со просек од 20,9 поени, 7,2 асистенции и 6,1 скокови по натпревар. Самиот Џејмс неодамна во својот поткаст јасно порача дека во оваа фаза од кариерата го интересира исклучиво борбата за шампионскиот прстен. Тој додаде дека нема намера да почнува од нула во својата 24-та сезона, а клучна улога во изборот ќе има неговото семејство.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.