Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Дали Аргентина има повластен третман на Мундијалите?

Победата на Аргентина над Швајцарија со 3:1 подигна огромна прашина во јавноста поради контроверзните судиски одлуки. Клучен момент на натпреварот беше исклучувањето на швајцарскиот напаѓач Брил Емболо по сомнителна интервенција на ВАР-системот. Тој доби втор жолт картон за симулирање, што предизвика револт кај неутралните фудбалски фанови, иако по правилата на ФИФА е оправдан.

Статистиката покажува дека на дури 11 од последните 13 мундијалски мечеви на Аргентина имаше одлуки во нивна корист. На овој шампионат за „гаучосите“ веќе беа досудени три пенали, а нивните груби стартови често остануваат неказнети. Уште во првото коло против Алжир, Лионел Меси помина без картон по исклучително опасен старт на теренот, за кој во минатото и на ова првенство, игачи беа казнети со директен црвен картон.

Славниот Златан Ибрахимовиќ застана во одбрана на судијата, нагласувајќи дека одлуката за исклучување на Емболо е целосно исправна. Тој изјави дека фудбалот бара чесност и оти симулирањето мора строго да се казнува на ова високо ниво. Сепак, Тјери Анри и поранешниот судија Марк Клатенбург сметаат дека ваквата казна била премногу сурова за четвртфинале.

Контроверзите ги следеа Аргентинците и во Катар, каде што во нивна корист беа досудени дури шест најстроги казни. Посебно се памети тензичниот дуел со Холандија, на кој Леандро Паредес со неспортски потег за чудо избегна црвен картон. Впечатокот дека актуелните светски шампиони имаат очигледен повластен третман кај арбитрите станува сè посилен во јавноста.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.