Екипата на ТФТ вечерва во Скопје ќе го одигра вториот натпревар против Широки Брег, во финалето од АБА 2 лигата. По поразот во првиот натпревар на гостувањето во Босна, ТФТ сега е пред императив да победи и да остане во игра за освојување на трофејот кој носи и директен пласман во АБА 1 лигата следната сезона. Со евентуална победа на македонскиот претставник, одлучувачкиот натпревар за титулата ќе се одигра во Босна.
Во случај да ТФТ го загуби финалето, сепак ќе има шанса за да избори пласман во АБА 1 лигата, но тогаш ќе мора да игра бараж со Борац Чачак, а тимот кој ќе дојде до две победи следната сезона ќе биде дел од АБА 1.
Натпреварот ќе се одигра во салата „Градски Парк“, а почетокот е закажан за 19:00 часот.

