Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте го објави конечниот список од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство во 2026 година. На изборот на предводникот на националниот тим очекувано доминираат играчите на Барселона. Сепак, најголема спортска вест е што во националниот тим нема ниту еден претставник на Реал Мадрид.
Искусниот дефанзивец Дани Карвахал беше изоставен бидејќи речиси цела натпреварувачка сезона ја помина на клупата за резерви. Неочекувано, во последен момент од конечниот состав отпадна и младиот одбранбен фудбалер Дин Хујсен.
Ова е апсолутно првпат во фудбалската историја Шпанија да патува на Светско првенство без играч на Реал. Претходниот ваков рекорд датира од 1950 година кога во составот беше повикан само Луис Моловни. Ваквиот расплет е нов сериозен удар за мадридскиот клуб по втората последователна разочарувачка сезона.

