Кошарка Меѓународна кошарка

Црвена Звезда против Париз за крај на лошата серија, шпанско-грчки судир на титаните!

Екипата на Црвена Звезда, пред своите навивачи, вечерва ќе брка победа против незгодниот Париз. Победата е императив за домаќинот од Белград, со оглед на тоа што на три кола до крајот на регуларниот дел од Евролигата, се уште нема обезбедено пласман во Плеј-ин или Плеј-оф, а и за да ја прекине серијата од два порази од Барселона (92:88) и вечниот ривал Партизан (82:89) пред своите навивачи. Црвено-белите се наоѓаат на 9 позиција на табелата и секоја победа ќе биде важна за нив во битката за пласман во следната фаза.

Гостите од Париз се наоѓаат на 16 позиција и немаат шанси за пласман во следната фаза, но се наоѓаат во добра форма после победите над Виртус Болоња и Милано.

Интересно ќе биде и на шпанско-грчкиот судир на титаните. Екипата на Реал Мадрид, која се наоѓа на 3 позиција, ќе гостува во Атина, кај лидерот на табелата Олимпиакос, додека Барселона ќе го пречека Панатинаикос.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести