Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

Црвена Звезда пронајде засилување под обрачите во НБА-лигата!

Црвена Звезда ангажираше играч од НБА лигата. Српскиот евролигаш постигнал договор со камерунскиот центар Кристијан Колоко, кој зад себе има искуство во најсилната кошаркарска лига во светот. Според информациите на „Меридијан спорт“, белградскиот клуб успеал да ја добие конкуренцијата од неколку евролигашки екипи заинтересирани за услугите на 211 сантиметри високиот кошаркар. Официјалната потврда за трансферот сè уште се очекува.

Колоко во НБА-лигата пристигна во 2022 година, кога Торонто Репторс го избраа како 33. пик на драфтот. По дебитантската сезона во Канада, камерунскиот центар се соочи со сериозни здравствени проблеми поради згрутчување на крвта, поради што ја пропушти целата сезона 2023/24.

Подоцна се врати на терените и го носеше дресот на Лос Анџелес Лејкерс, а во својата НБА-кариера настапуваше и за Мемфис Гризлис и Атланта Хокс. Неговите најголеми адути се играта во одбраната, заштитата на рекетот и способноста да ги блокира противничките обиди. Подвижноста за кошаркар со неговата висина е уште една карактеристика што може да биде значајна за тимот на Црвена Звезда. Колоко досега одигра 122 натпревари во НБА-лигата, со просек од 2,8 поени и 2,8 скока по средба.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.