Кошаркарите на Црвена звезда продолжуваат со одличните настапи во Евролигата, откако вечерва во белградската „Арена“ го совладаа Баерн Минхен со убедливи 103:73, во натпревар од деветтото коло. Белградскиот тим на најдобар можен начин го заокружи двојното коло, забележувајќи две убедливи победи и постигнувајќи вкупно 203 поени.
По триумфот над Макаби Тел Авив од 100:78 пред два дена, избраниците на Црвена звезда повторно одиграа ефикасен натпревар и не му оставија многу простор на противникот да се надева на позитивен резултат. Со овој успех, „црвено-белите“ стигнаа до шестиот триумф сезонава, покрај трите досегашни порази. Посебно внимание привлече новото засилување Кристијан Колоко, кој имаше одлично деби пред домашната публика во белградската „Арена“. Новиот центар уште во првото полувреме покажа колку може да значи за одбраната на својот тим, запишувајќи дури пет блокади. Натпреварот го заврши со 12 поени и остави одличен прв впечаток во дресот на српскиот претставник.
Најрасположен во победничкиот состав беше Чима Монеке со 15 поени, додека Картер и Нвора придонесоа со по 14. На спротивната страна, Двејн Вашингтон беше најефикасен кај Баерн Минхен со 16 поени.

