Меѓународен фудбал Фудбал

Црвена звезда повторно прокоцка предност, Копенхаген се спаси во Белград! (ВИДЕО)

Црвена звезда и Копенхаген одиграа нерешено 2:2 на „Маракана“, во натпревар во кој српскиот шампион имаше предност на полувремето, но повторно не успеа да ги освои сите три бода во Европа. Данците поведоа во 29. минута по несреќната реакција на нашиот репрезентативец Матеј Гаштаров, кој ја испрати топката во сопствената мрежа. Сепак, домаќините брзо одговорија, па Тими Макс Елшник со силен удар од далечина во 34. минута го израмни резултатот.

Само седум минути подоцна, младиот Василије Костов со прекрасен удар погоди во спротивниот агол и донесе целосен пресврт за Црвена звезда. Српскиот тим можеше да замине на пауза и со поубедлива предност, но голманот на Копенхаген спречи нов погодок. Во вториот дел темпото беше помирно, а гостите ја искористија својата шанса во 70. минута, кога Каризо со прецизен удар од далечина ги постави конечните 2:2. Црвена звезда имаше можност повторно да поведе, но Бамба Диенг не ја искористи добрата шанса.

Проблемите за домаќините продолжија и во судиското продолжение, кога Стефан Гудељ доби директен црвен картон. Со ова реми Црвена звезда повторно испушти важни бодови во Конференциската лига и ќе мора да бара подобри резултати во следните натпревари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.