Кошарка Меѓународна кошарка

Црвена Звезда подобра од Париз, Грците доминантни во шпанско-грчките дуели

Црвена Звезда го совлада Париз (94:81), на домашен терен, во рамките на 36 коло од Евролигата. Ова е значајна победа за црвено-белите во борбата за пласман во следната фаза од натпреварувањето и моментално остануваат на 9 позиција која води во Плеј-ин, а сеуште имаат шанси за пласман на една од позициите кои водат во Плеј-оф. Со оваа победа избраниците на Саша Обрадовиќ ја прекинаа и серијата од два порази по ред во Евролигата. До крајот на регуларниот дел им преостануваат уште два натпревари во кои ќе треба да го осигураат пласманот во наредната фаза.

Кај домашната екипа најпрецизен беше Чима Монеке со 21 поен, Добриќ постигна 19 поени, а Мекинтаер дојде до бројка од 16 поени и 14 асистенции. Кај гостите од Париз, Надир Ифи постигна 20 поени.

Во шпанско-грчките дуели, тимовите од Атина доминираа над своите шпански ривали. Лидерот на табелата Олимпијакос, на домашен терен славеше висока победа против Реал Мадрид (102:88) и официјално обезбеди место во Плеј-оф фазата. Шпанците имаа одлична серија од 18-0 во втората четвртина, но тоа не ги спречи домашните играчи на крајот да дојдат до убедлива победа.

Тајлер Дорси го предводеше тимот од Атина со 37 поени, а Саша Везенков го следеше со 26 поени и 9 скока.

И вториот грчки тим беше беше поуспешен од својот шпански ривал. Панатинакос после 14 години чекање, дојдоа до убедлива победа на гостински терен против Барселона (93:79). Гостите од Атина одржаа час по кошарка и славеа убедливо, а во еден момент имаа и предност од 31 поен, што е најголема негатива што Барселона ја имала на домашен терен во рамките на Евролигата.

Турскиот репрезентативец роден во Охрид, Џеди Осман го предводеше Панатинаикос во оваа победа со 21 поен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести