Кошарка Меѓународна кошарка

Црвена Звезда го претстави дресот за сезоната 2026/27! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Црвена Звезда официјално го откри изгледот на првата гарнитура дресови со која ќе настапува во сезоната 2026/27, а новиот дизајн носи силен печат на клупската традиција. Главните улоги при промоцијата ги имаа новите и старите лица на белградскиот клуб – Чима Монекe, Огњен Добриќ и Никола Ѓуришиќ, кои позираа во новата опрема. Како и досега, дресовите на „црвено-белите“ ги произведува „Адидас“.

Овојпат клубот направи интересен дизајнерски потег, бидејќи карактеристичните црвено-бели линии се присутни и на задната страна од дресот. Тоа е промена која не беше видена во изминатите две децении, а овозможена е со новите правила во Евролигата, кои дозволуваат задниот дел од дресот да не биде во една боја.

Првата гарнитура е доминантно црвена, додека белите пруги и златните елементи го комплетираат изгледот. Во златна боја се изработени броевите и презимињата на кошаркарите, а на задната страна се наоѓа и натписот „Белград“. На дресот е задржано и местото за српската тробојка. Од Црвена Звезда потенцираат дека новата гарнитура е осмислена како спој на препознатливиот идентитет на клубот и модерниот изглед потребен за новата сезона.

Навивачите наскоро ќе имаат можност да го видат и гостинскиот дрес. Втората гарнитура ќе биде бела, но ќе донесе уште една новина – сите клупски и партнерски логоа на дресот ќе бидат изведени во златна боја.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.