Кошарка Меѓународна кошарка

Црвена Звезда го победи Париз и во победничко расположение го чека дербито со Партизан!

Кошаркарите на Црвена Звезда продолжуваат со одличните настапи во Евролигата, откако на домашен терен го совладаа Париз со 90:81 и стигнаа до четвртата последователна победа. Белградскиот тим имаше убедлива предност, но во финишот мораше да се помачи за да го осигура триумфот. Чима Монеки беше меѓу најзаслужните за добриот ритам на домаќините, а натпреварот го заврши со 23 поени. Црвено-белите во еден момент имаа и плус 19, но гостите не се предадоа и со серија во последната четвртина се доближија на само пет поени негатива.

Тогаш на сцена стапи Џеред Батлер, кој со важни реализации и асистенција за Џордан Нвора помогна да се спречи целосен пресврт. Батлер постигна 13 поени, додека Нвора додаде 12. Кај гостите најдобар беше Тајсон Етјен со 24 поени. Црвена Звезда сега може да се подготвува за следниот голем предизвик, вечниот дерби-дуел со Партизан, кој ќе се одигра наредниот четврток. Победата над Париз дополнително ја подигнува самодовербата на белградскиот состав пред еден од најочекуваните натпревари во сезоната.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.