Меѓународен фудбал Фудбал

Црвена Звезда доживеа фијаско против Хапоел, Станковиќ и Арнаутовиќ ги разочараа навивачите!

Црвена Звезда претрпе тежок пораз на домашен терен од Хапоел со 0:2 и ги заврши соништата за пласман во Лигата на шампионите уште во третото квалификациско коло. Српскиот шампион одигра очаен реванш натпревар без идеја и енергија, што предизвика револт на трибините на „Маракана“ каде што оддекуваа скандирања „Управа надвор“ и гласни свирежи за целата екипа.

Клучниот момент за колапсот на белградскиот тим се случи во 57. минута кога тренерот Дејан Станковиќ заработи црвен картон поради нервоза и жестоки протести. Само две минути подоцна, Игор Златановиќ донесе водство за гостите, а набрзо следуваше уште еден гол за конечни 0:2. Станковиќ целосно потфрли со тактичките замисли, ставајќи го Дуарте на левото крило наместо Иваниќ, а неговото исклучување само дополнително ја внесе екипата во тотална агонија.

Ниту влегувањето на Марко Арнаутовиќ на полувремето не донесе никаква промена. Најскапиот фудбалер во тимот одигра уште еден лош меч и во 73. минута пропушти голема шанса да го врати тимот во игра. По ова фијаско, Црвена Звезда ги продолжува европските настапи во плејофот за Лигата на Европа, каде што на 20 август во Белград ќе го пречека чешкиот претставник Викторија Плзен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.