Меѓународен фудбал Фудбал

Црвен картон и три гола, Порто убедливо ја совлада Бенфика! (ВИДЕО)

Порто ја доби големата пресметка со Бенфика и направи значаен чекор во трката за врвот во португалското првенство. Лидерот славеше со 3:1 пред повеќе од 49.000 гледачи и дополнително ја зголеми предноста пред еден од главните конкуренти. Домаќините уште од почетокот наметнаа висок ритам, а по неколку опасни ситуации успеаја да поведат во 31. минута. Габри Веига ја искористи одличната топка од Пепе, излезе зад одбраната и прецизно го совлада Самуел Соареш за 1:0.

Само три минути подоцна Бенфика остана со десетмина. Лангле заработи втор жолт картон поради прекршок над Андре Силва и мораше предвреме да го напушти теренот. И покрај бројчаната инфериорност, Бенфика успеа да израмни на почетокот од второто полувреме. Сепак, Порто брзо возврати и повторно ја презеде контролата.

Виктор Фрохолд во продолжението погоди за 2:1 по асистенција од Андре Силва, а пред истекот на првиот час играта на домаќините беше крунисана со уште еден гол. Инбом Хуанг доби одлична топка од Андре Силва и со силен удар во горниот агол го постави конечниот резултат.

Порто до крајот имаше уште неколку можности за дополнително да го зголеми водството, а посебно внимание привлече враќањето на напаѓачот Саму, кој повторно заигра по седуммесечна пауза и беше поздравен со големи овации. Со оваа победа, Порто сега има пет бода повеќе од Бенфика и шест во однос на Спортинг.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.