Други спортови Тенис

Циципас и Медведев ги оправдаа фаворитските улоги во Казахстан

Стефанос Циципас и Данил Медведев ја потврдија фаворитската улога и обезбедија пласман меѓу четирите најдобри на АТП-турнирот во Алмати, Казахстан.

Грчкиот тенисер стигна до сигурна победа против Австралиецот Џејмс Дакворт со максимални 2:0 во сетови (6:3, 6:4). По еден клучен брејк во двата сета беше повеќе од доволен за рутински триумф на Циципас. Во борбата за место во големото финале, тој за противник ќе го има Николоз Басилашвили, кој претходно го прегази Французинот Адријан Манарино со 6:3 и 6:1.

Меѓу четирите најдобри место обезбеди и Данил Медведев. Рускиот ас го скрши отпорот на Теренс Атман, славејќи против Французинот со идентични 6:4 и 6:4 по слична матрица во двата сета.

Противник на Медведев во полуфиналната пресметка ќе биде победникот од дуелот меѓу домашниот адут Александар Бублик и Карен Хачанов.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.