Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Цената расте со секој меч: Дортмунд бара 100 милиони евра за Феликс Нмеча!

Германскиот репрезентативец Феликс Нмеча со одличните партии на Светското првенство го сврте вниманието на комплетната фудбалска елита. По двете сигурни победи на Германија против Курасао и Брегот на Слоновата Коска, играчот за врска на Борусија Дортмунд се профилираше во еден од клучните двигатели на „панцерите“. Ваков мундијалски блесок веднаш ги запали алармите кај најголемите купувачи на пазарот, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед веќе се во низок старт за неговиот потпис.

Угледниот германски весник „Билд“ пренесува дека челниците на Дортмунд немаат намера лесно да го пуштат својот играч и веќе ја поставија почетната цена на астрономски 100 милиони евра, под која воопшто нема да седнат на преговарачка маса.

Иако е роден во Хамбург, тој фудбалски порасна како дете на Манчестер Сити, од каде во летото 2021 година како слободен играч премина во Волфсбург и го започна својот професионален подем. Само две години подоцна, Борусија Дортмунд го откупи неговиот договор за 30 милиони евра, потег кој се покажа како вистински погодок. По минатата натпреварувачка година во која за „милионерите“ одигра 42 натпревари, постигна пет гола и запиша три асистенции, неговата вредност буквално експлодираше на американско тло, па Дортмунд сега е на чекор да направи уште еден епски бизнис и трикратно да профитира од својот играч за врска.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.