Меѓународен фудбал Фудбал

Чурлинов повторно блесна, постигна спектакуларен гол за Погон! (ВИДЕО)

Дарко Чурлинов продолжува да игра во одлична форма во дресот на Погон, а овојпат македонскиот репрезентативец постигна вистинска гол-мајсторија. Нашиот фудбалер со фантастичен потег го прекина периодот без голови и ја крена атмосферата на стадионот. До 59. минута резултатот на натпреварот против Виечиста Краков беше 0:0, а тогаш на сцена стапи Чурлинов.

Македонецот најпрво со одличен дриблинг се ослободи од својот чувар, а потоа упати силен и прецизен удар кој заврши под гредата, оставајќи го гостинскиот голман без шанси за интервенција. Со овој погодок Чурлинов уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма и дека е еден од најопасните играчи во составот на Погон.

Pogoń Szczecin 1-0 Wieczysta Kraków – Darko Čurlinov 59' (Ekstraklasa)
byu/4gjdtokurwa insoccer

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.