Ракометарите на Вардар ги очекува нов сериозен испит во Лигата на шампионите, каде што во рамките од 4. коло ќе му гостуваат на полскиот шампион Висла Плок. „Црвено-црните“ посакуваат значително подобро издание од првата меѓусебна пресметка во Скопје (26:32) и ќе се обидат да ги освојат првите бодови во елитата.
Предводникот на вардарци, Иван Чупиќ, потенцираше дека по темелната анализа се детектирани грешките, но и дека тимот мора да влезе со многу поголема енергија на жешкиот терен во Полска.
„Кога ќе загубите натпревар, јасно е дека има простор за напредок. Висла беше фаворит во Скопје, а на свој терен ќе има уште поголема предност. Сепак, не сметам дека одигравме толку лошо пред нашите навивачи, колку што можеби изгледаше поради начинот на кој Висла ја наметна својата игра“, истакна Чупиќ.
Стратегот на скопскиот состав верува дека тимот има потенцијал да се спротивстави доколку се поправат клучните сегменти во играта:
„Го анализиравме дуелот и знаеме дека мораме да бидеме подобри и во одбраната и во нападот. Со вистинска енергија и поголема самодоверба верувам дека можеме да одиграме квалитетен натпревар. Сакаме повторно да се претставиме во добро светло во Лигата на шампионите. Во следните три средби целта е да останеме конкурентни и да се бориме за првите бодови и победа. Важно е да продолжиме да напредуваме и да имаме мотив за секој следни предлог“, заклучи Чупиќ.
Натпреварот меѓу Висла Плок и Вардар 1961 е закажан за среда, со почеток од 20:45 часот.

