Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Чупиќ по новиот тесен пораз на Вардар: Три меча губиме со еден разлика

Ракометарите на Вардар го претрпеа и четвртиот пораз во Европа откако на гостувањето во Полска загубија од Висла Плок со минимални 33-32. Полскиот состав ја оправда омилената улога на теренот и ја диктираше играта водејќи од самиот почеток до крајот на средбата.

По завршувањето на дуелот, предводникот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ, спортски го призна поразот, но ја истакна загрижувачката тенденција на својот млад тим во завршниците:

„Три од четири натпревари губиме со еден гол разлика, така што тоа е нешто на кое мораме да работиме. Млада екипа сме, со млад тренер. Можеби на следните натпревари или, се надевам, следната година, малку подобро ќе ги одиграме овие неизвесни натпревари. Но, уште еднаш честитки за Висла, фер и коректен натпревар и победа на подобрата екипа“, истакна Чупиќ.

За вардарци нема многу време за одмор, бидејќи веќе в понеделник ги очекува првенствен дуел против Бутел Скопје.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.