Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Чупиќ по болниот пораз: Одлучија нијансите и искуството!

Вардар остана без бодови во драматичниот дуел со Нант, иако до самиот финиш беше во игра за позитивен резултат. „Црвено-црните“ имаа свои моменти во второто полувреме, но во клучните моменти гостите беа поснаодливи. Францускиот тим со гол од пенал во последните секунди стигна до минимален триумф од 33-32. По натпреварот, тренерот Иван Чупиќ го анализираше мечот и посочи неколку детали кои според него го одлучиле победникот.

„Се согласувам дека натпреварот беше вистинска лудница и дека малите детали направија разлика. Можеме да бидеме задоволни што на паузата имавме само еден гол негатива, бидејќи во првиот дел Нант имаше периоди во кои можеше да направи поголема предност. Второто полувреме беше навистина фантастично и до последните секунди се водеше голема битка. Можеби гостите имаа и малку повеќе среќа, но и поголемото искуство во Лигата на шампионите веројатно им помогна во клучните моменти. На крајот, сакам повторно да им се заблагодарам на нашите неверојатни навивачи, бидејќи ваква атмосфера навистина тешко може да се најде на друго место во Европа“, изјави Чупиќ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.