Нови тензии се појавија меѓу ФИФА и УЕФА, откако британскиот „Тајмс“ објави дека европските фудбалски федерации ја поддржале можноста за бојкот на Светското првенство доколку ФИФА не се откаже од контроверзниот план за продажба на удели поврзани со Мундијалот. Според информациите, на итен состанок членките на УЕФА едногласно застанале против иницијативата на претседателот Џани Инфантино, кој смета дека вклучувањето приватни инвеститори би донело дополнителни приходи. Од европската куќа, пак, стравуваат дека таквиот потег ќе го намали нивното влијание врз најголемото фудбалско натпреварување.
Иако засега нема официјална одлука за бојкот, единствениот став на УЕФА претставува силно предупредување до ФИФА. Доколку двете страни не најдат заеднички јазик, светскиот фудбал би можел да се соочи со една од најголемите институционални кризи во последните години.

