Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Чкембари нема да го бодрат Пелистер во регионалната лига!

Најверните навивачи на Пелистер, Чкембарите, преку своите официјални канали споделија соопштение во кое се наведува дека нема да ги следат натпреварите на ракометниот тим во рамките на Регионалната лига. Како што потенцираат, самото натпреварување не е сериозно организирано.

Целосното соопштените на Чкембарите:

Ја известуваме битолската спортска јавност дека навивачката група Чкембари нема да присуствува организирано на натпреварите од регионалната ракометна лига.

Ова натпреварување не е приоритет за групата, а сметаме дека ниту начинот на кој е составен распоредот не остава впечаток дека лигата е сфатена со потребната сериозност. Во само седум дена се предвидени три домашни натпревари, што според нас дополнително го девалвира значењето на самото натпреварување.

Сметаме дека во вакви услови и нашиот клуб не треба да ја третира регионалната лига како натпреварување од највисок приоритет.

Сепак, ги охрабруваме сите навивачи на Пелистер кои се во можност да присуствуваат на натпреварите и да им дадат поддршка на нашите ракометари, пред почетокот на новата сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.