Иако ги одработи сите подготовки за новата сезона, италијанскиот голгетер Чиро Имобиле донесе ненадејна одлука да стави крај на професионалната фудбалска кариера. Неговиот последен клуб, францускиот прволигаш Парис, преку официјално соопштение потврди дека 36-годишниот напаѓач решил да се повлече од теренот по 17 години активно играње, со желба во иднина целосно да му се посвети на своето семејство.
Имобиле важи за еден од најдобрите италијански голгетери во 21 век, а зад себе остава импресивни бројки со над 650 натпревари и повеќе од 320 постигнати голови. Со репрезентацијата на Италија го освои Европското првенство во 2020 година, а истата сезона ја освои и престижната европска „Златна копачка“. Во дури четири наврати беше најдобар стрелец во Серија А, а најдлабока трага остави во Лацио каде што настапуваше од 2016 до 2024 година, по што следеа епизодите во Бешикташ, Болоња и последната шестмесечна авантура во Парис.

